Мјанмар уништи запленета дрога вредна 839 милиони долари

вВо мај има рекордна заплена на дрога – 18 тони, меѓу кои 200 милиони метамфетамински апчиња. 

Властите во Мјанмар денеска,  по повод Меѓународниот ден на борба против дрогата, уништија запленета дрога во вредност од 839 милиони американски долари.

Таа земја одамна е главен извор на нелегално производство и шверц на дрога.

Само во главниот град, Јангон, во спектакуларен оган е запалена голема количина дрога во вредност од 144 милиони долари: опиум, хероин, метамфетамин, марихуана, кетамин и стимуланс познат како „ајс” или „кристална мета”.

Различни видови дрога од десетина тони е запалена и во другите градови на Мјанмар.

Владата и Службата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ) соопштија дека во мај има рекордна заплена на дрога – 18 тони, меѓу кои 200 милиони метамфетамински апчиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот