Мјанмар: Су Чи побара лично да се состане со адвокатите

epa09110526 Lawyer of Myanmar democracy icon Aung San Suu Kyi, Daw Min Min Soe (R) speaks to journalist after Aung San Suu Kyi?s court hearing in Naypyitaw, Myanmar, 01 April 2021. Aung San Suu Kyi met virtually with an attorney on 01 April for the first time since her detention two months ago EPA-EFE/STRINGER

Притворената лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, денеска побара од судот да и дозволи лично да се состане со нејзините адвокати кога се појави на онлајн сослушување за да се соочи со обвиненијата што ги поднесе воената хунта поради кои може да добие долгогодишна затворска казна.

Нејзините приврзаници ги повикаа граѓаните да го покажат своето спротивставување на пучот извршен на 1 февруари за време на традиционалниот новогодишен празник оваа недела во оваа претежно будистичка земја.

Су Чи (75), која со децении се бореше против воено владеење и доби Нобелова награда за мир во 1991 година, беше приведена по воениот удар во февруари и обвинета за разни злосторства, вклучувајќи кршење на тајни од колонијалниот период поради што може да добие 14 години затвор.

Таа е обвинета и за нелегално поседување воки-токи, кршење протоколи поврзани со коронавирусот и примање мито.

Неа и е дозволено со адвокатите да разговара само преку видео-врска во присуство на безбедносни службеници и не е познато дали воопшто знае за превирањата што ја зафатија земјата откако армијата ја презеде власта.

– Можевме да разговараме само за правни прашања, изјави нејзинaта адвокатка Мин Мин Со, прашан дали нејзиниот правен тим е во можност да разговара со неа за протестите во кои беа убиени повеќе од 700 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот