Мизрахи: Нема да ставам банер со Република Северна Македонија, ќе платам казна од 5 илјади евра

Мизрахи додаде дека ниту размислува да постави банер со друго име ниту стравува од последици кон неа и кон државата за непочитувањето на обврските од Преспанскиот договор.

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска повторно застана на прес-конференција пред таблата со старото уставно име Република Македонија и порача дека друга табла во Министерството нема, дека ниту видела вербална нота од Грција ниту, пак, стравува дека поради овој нејзин потег ќе биде казнета.

Прашана за таблата на која пишува Република Македонија, Мизрахи истакна дека нема намера да ја менува таблата со старото име, па дури и е „подготовена да плати казна од 5.000 евра“.

– Немам намера да ставам банер со Република Северна Македонија. Јас не сум Мила Царовска. Јас сум Мизрахи. Тука никогаш не најдов банер со Северна Македонија. Ова е единствената табла на Министерството за труд и социјална политика и тука ќе се држат сите прес-конференции- рече Мизрахи.

Мизрахи додаде дека ниту размислува да постави банер со друго име ниту стравува од последици кон неа и кон државата за непочитувањето на обврските од Преспанскиот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот