Мизрахи: Не сум виновна за ништо

Вчера во собранието техничкиот министер Оливер Спасовски поднесе барање за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. Одлуката на Спасовски е поради тоа што таа неколку пати одбиваше да ја замени старата табла во министерството, на која го пишува старото устварно име на Македонија.

Техничката министерка Мизрахи, од своја страна, вчера за медиумите истакна дека не очекува да биде разрешена, оти верува дека не е виновна за ништо.

– Не очекувам да бидам разрешена, не направив ништо и не сум виновна за ништо. Апсолутно ќе ја почитувам одлуката на пратениците каква и да е, бидејќи тие ме назначиле, тие можат и да ме разрешат. Министерството и пред мене било предупредено дека не била сменета таблата, но и во Буџетот за 2020 година не е предвидена таква набавка. Јас не сум одговорна за неспроведување на законот на мојата претходничка – изјави Мизрахи за „Телма“.

За разрешувањето на Мизрахи се потребни гласовите на 61 пратеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот