Мизрахи: Мислам дека оваа година матурата треба да се изостави

Фото: МИА

Официјалниот став на ВМРО-ДПМНЕ околу образовниот систем, вели таа е предлог за укинување на матурата оваа година.

Маски и ракавици државата треба во овој момент да има не само за медицинските работници, туку исто така и за полицијата и за војската. Доколку веќе е воспоставен кризен систем, би требало да ги заштитиме оние кои се на прва линија на одбрана, но и целокупното население. Треба да се пресмета колкав број на ракавици и маски се потребни секојдневно за секое лице. Хируршките маски имаат максимално времетраење од два дена, вели поранешната министерка за социјала и труд во техничката влада, д-р. Рашела Мизрахи.

Официјалниот став на ВМРО-ДПМНЕ околу образовниот систем, вели таа е предлог за укинување на матурата оваа година.

-Имајќи впредвид дека може да настанат системски компликации, бидејќи сепак децата изостануваат од училиште еден извесен период. Онлајн учењето не може во целост да се спроведе бидејќи сите деца не се оспособени со ајти комуникација, особено оние од социјално – ранливата категорија на семејства. Мислам дека оваа година матурата треба да се изостави. Сметам дека тоа треба да се направи со некава уредба. Во овој момент е небулозно да се зборува за онлајн матура, затоа што смеатам дека истата нема да има никаков ефект, вели Мизрахи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот