Мизо: Глобалните снабдувачки ланци на електроника ќе го диктираат производството

Заздравувањето на германската економија е значајно за македонските производители на делови за автоиндустријата, оценува Виктор Мизо, директор на „Костал Македонија“ и претседател на Асоцијацијата на странските компании со технолошки напредно производство при СКМ. Тој сепак укажува дека во моментот се јавува проблем кај глобалните снабдувачки синџири кои не се во можност да одговорат во целост на испораката на микропроцесорите кои се вградуваат во автомобилите.

-Лани сите производители на автомобили ги откажаа нарачките на овие електронски компоненти, а фабриките во Азија се соочија со зголемена побарувачка од производителите на телефони, лаптопи, видео игри и конзоли, кои масовно се продаваа во пандемијата. Не е едноставно, сега да се обноват и да се зголемат нарачките, па поради ова, фабриките на Форд, БМВ, Фолксфаген и други, ќе паузираат. Според проценките заради овој недостиг, годинава на светско ниво, ќе се произведат 3,4 милиони автомобили помалку, а од нив 1,1 милиони во рамки на ЕУ, за кои работиме и ние – објаснува Мизо за „Слободен печат“.  

Инаку, лани во март продажбите на автомобили во различни земји во Европа паднаа помеѓу 40-85 проценти, додека во САД, за околу 30 отсто. 

-Во Македонија работат компании, кои се традиционални добавувачи на големите автомобилски брендови, пред сѐ за европскиот пазар. А, кризата и секој нареден застој не принудува, сериозно да пристапиме кон ревизија на долгорочните планови за производство, инвестиции и вработувања – објаснува Мизо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот