Митровски со еврогол за Спортинг Лисабон (ВИДЕО)

twitter.com/MacedonianFooty

И оваа сезона македонскиот фудбалер Димитар Митровски настапува за У23 тимот на Спортинг Лисабон и ја започнува на еден одличен начин.

Во гостинскиот триумф над У23 Авеш, нашиот интернационалец го постигна четвртиот погодок, односно го постави конечниот епилог во 90 минута со прекрасен удар од околу 15-20 метри.

Младите лисабонски „лавови“ има максимални шест бодови и е на првото место на табелата, претходно на стартот триумфираа дома со 1:0 над У23 Брага.

Во следното трето коло Спортинг Лисабон ќе ги одмери силите против Гимараеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот