Митровски: Мислам дека Боки 13 бил злоупотребен од Јанева

Почесниот конзул на Латвија во Македонија и сопственик на винаријата „Еземит“, Зоранчо Митровски, сведочеше во процесот „Рекет“.

– Во 2017 без повикан во СЈО како сведок во предметот Поштенска банка. Уредно бев повикан и дадов изјава. Обвинителот ме праша како сум дошол без документи. Реков дека не сум знаел и дека тоа било многу одамна. После некое време, после 29 години градење кариера во медиумите прочитав дека сум обвинет од СЈО. Бев вознемирен и не знаев што да правам. Прашав во СЈО дал треба да донесам некој документи за да не ми се нарушува угледот. Потоа почнаа кокетирања со мене за да ми кажат добронамерни посредници дека се ќе биде во ред. Во тој период СЈО беше во врвот на својата моќ. Во ноември лани, Сашко Бошков ми кажа за разговорот со Бојан Јовановски. Тогаш сфатив дека работата не е наивна. Во тоа време не беше лесно да се појде некаде и да се пријави случајот дека некој ми бара нешто. Имав голема верба во СЈО. Мое мислење е дека Боки бил злоупотребен од Јанева – рече бизнисменот Митровски.

За случајот, рече Митровски, го известил почесниот амбасадор на Латвија за Македонија, Алберт Сарканис.

Сарканис, рече сведокот имал средба со министерот за надворешни работи, по што Митровски од амбасадорот добил уверување дека нема да има никаков проблем со СЈО.

На прашање на Сашо Дуковски, адвокат на обвинетиот Бојан Јовановски дали некаде го пријавил случајот, сведокот рече:

– Сучајот не сум го пријавил во МВР ниту во ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот