Митровиќ го уништи Роналдо: Ти пиј си вода, јас во Катар ќе пијам Кока Кола

Митровиќ и Србија го шокираа Роналдо среде Лисабон/фото: EPA-EFE/MARIO CRUZ

Кристијано Роналдо дефинитивно има кошмари од натпреварите со селекцијата на Србија, а јунакот на нашиот северен сосед, Александар Митровиќ по победата среде Лисабон која ги однесе на Мундијалот во Катар, дополнително стави сол на раните на Португалецот.

Митровиќ во 90 минута го постигна голот за триумф од 2:1 над Португалија со кој Србија обезбеди пласман на Светското првенство во Катар, а потоа имаше интересна прослава со која го уништи Роналдо.

Имено, додека селекторот Драган Стојковиќ Пикси во соблекувалната се радуваше на успехот со поголем дел од своите фудбалери, Митровиќ излезе на теренот на стадионот „Луз“ и крена во вис лименка Кока Кола, што претставуваше директна порака до Роналдо.

принтскрин/твитер

Имено, Роналдо на прес-конференција за време на Европското првенство кое се играше изминатото лето, ги тргна двете шишиња Кока Кола и на новинарите им порача да пијат вода наместо најпопуларниот газиран пијалок.

И Кристијано Роналдо ќе има можност да игра на Мундијалот во Катар, но до него ќе мора да дојде преку баражот каде за прв пат во историјата ќе учествува и Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот