Митровиќ од Црвениот Крст: На територија на град Скопје од од 8:30 до 12:30 секој ден се примаат повици и се врши теренска достава

Црвен крст / Фото:Архива на Слободен печат

-На територија на град Скопје од 8:30 до 12:30 секој ден се примаат повиците и се врши онаа теренска достава. Во однос на двата мобилни тима на територија на Карпош препораките во аптеките и маркетите се почитуваат, но тоа не е случај со граѓаните, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Слободан Митровиќ од Црвениот Крст.

Тој истакна дека свесноста за почитување на препораките и мерките се очекува од сите граѓани, особено кога станува збор за контакти.

-Ние како Црвен крст во целост ги почитуваме препораките, внимаваме во контактот со лицата, но сепак не треба само ние да внимаваме на нас, туку треба и останатите тоа да го прават и за себе и за другите. Забележано е дека оние кои се свесни за себе и на другите им посочуваат, еве пример, за растојанието помеѓу луѓето, рече Митровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот