Митрополитот Павел обвинет за проруски став

Судот во Киев денеска донесе одлука за куќен притвор во траење од два месеци и забрана за обраќање до верниците за Митрополитот Павел, игумен на манастирот Киевско-Печерска лавра, кој е обвинет за поддршка на руската агресија врз Украина.

Претходно денеска, митрополитот Павел изјави дека му е доставено известување за поведување постапка поради сомневање дека тој е одговорен за поттикнување меѓуверска омраза и соработка со Русија. Тогаш членовите на Украинската агенција за безбедност извршија претрес во просториите во кои живее митрополитот. Украинската православна црква објави дека го поканиле и митрополитот на сослушување напладне по локално време.

Пред судот тој денеска изјави дека станува збор за „политички случај“ и никогаш не бил на страната на агресијата.

Јас сум против агресија. Сега сум во Украина – ова е моја земја, вели митрополитот Павел.

Поглаварот на Киевско-печерската лавра рече дека сè што се случува во моментов е прогон на црквата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот