Митрополитот Амфилохије тешко дише, но не е приклучен на респиратор

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије кој од 6 октомври се лечи од коронавирусот во Клиничкиот центар во Подгорица, од утринава тешко дише, но не е приклучен на респиратор, соопштија од Митрополијата.

Наведено е дека утринава Амфилохије дишел отежнато, со болки во градниот кош, па веднаш биле направени сите анализи.

„Снимката покажа дека причината за отежнатото дишење и болките е појавата на воздух во градите, што често се јавува во ситуации каде пациентот има чувствителни бели дробови заради долгото воспаление и кои се почесто на кислородна терапија, а речиси е неизбежен кога се работи за постари пациенти“, се наведува во соопштението.

Скенирањето на белите дробови и артерии покажало дека тој нема тромбоза, а снимката од срцето исто така е добра, пренесува Митрополијата.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот