Митрополит Теодосије: Косовска Митровица не е слободен град за христијаните

Фото: RTS

Споменот на свети Димитрија во северниот дел на Косовска Митровица беше одбележан во храмот посветен на овој светител, а света литургија служеше митрополитот Теодосиј од Рашко-призренската епархијво присуство на верници градот и околните места.

Литијата беше околу црквата, а последниве две години таа не поминува низ улиците на Митровица, и во оваа прилика митрополитот Теодосије посочува дека српскиот народ ја нема слободата што треба да ја има и дека Митровица не е слободен град, објави РТС.

„Порано овој град беше подобар за сите нас, правевме поворки низ улиците на овој град. Еве, повеќе од две години овој град не е слободен за нас христијаните. Се што се случи во меѓувреме зборува за тоа дека овој град е окупиран и дека овде ја немаме слободата што треба да ја имаме. Оние кои се малцинство во овој град, често ги злоупотребуваат оние кои го сочинуваат мнозинството во овој град и затоа ни треба Божја мудрост, трпение и вера во Христа, за да помине оваа бура во која живееме“, рече митрополитот г. Теодосије.

Тој изјави дека не е безбедно да се оди во поворки низ улиците на градот, но дека тоа треба да ги зајакне верниците во верата и да чекаат Божја помош и подобро време, со надеж дека тоа ќе биде наскоро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот