Митревски: Во едно сме најдобри, никој во светот нема навивачи како Македонија

Никола Митревски покажа зошто е во одлична форма и сезонава/ фото: РФМ

Никола Митревски се врати на голот на македонската репрезентација откако поради коронавирус го пропушти првиот натпревар на ЕП против Словенија, но не можеше да направи нешто повеќе против Данска која дојде до триумф од 21:31.

И покрај убедливиот пораз, македонските ракометари останаа на теренот во „Феникс“ Арената во Дебрецин поради навивачите, „фалангата“ која и на ова ЕП им беше голема поддршка.

– Пред се, голема благодарност до публиката што повторно дојде во голем број за да не бодри. Три натпревари без престан ни даваа поддршка, но ова вечерва беше навистина фантастично. Во едно сме најдобри, никој во светот нема навивачи како Македонија – рече Митревски.

Видео на денот