Митревски: Сите да му дадеме поддршка на новиот стручен штаб

Митревски наскоро може да им се приклучи на репрезентативците во Дебрецин/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Голманот на Порто, Никола Митревски, ја доби улогата на прв голман на македонската репрезентација во претстојните квалификациски натпревари против Данска и од новиот селектор Кирил Лазаров.
За Митревски но и за останатите репрезентативци ова е ново искуство, но потенцира дека селекторот Лазаров и неговите помошници треба да добијат поддршка од сите ракометари.

– За сите нас ова искуство е ново, Лазаров и стручниот штаб мора да добијат поддршка од сите нас, да се обидеме што подобро се подготвиме за натпреварите со Данска. Секогаш има простор за напредок, без разлика колку екипата била лоша или добра. Ќе го чекаме мечот со Данска да видиме колку сме се подобриле од СП. Сè уште се комплетираме, денес почнаа да тренираат четворица, ни фали уште Пешевски. Добро се работи и се подготвуваме, сите сме желни да видиме што и како ќе прикажеме против Данска. Нема поголем мотив од тоа да се игра против светскиот шампион Данска. Многу ќе ни недостасува публиката, но знам дека ќе одиграме максимално. Мислам дека не треба премногу да земаме при срце и доколку доживееме неуспех, бидејќи имаме два меча против Швајцарија и Финска на кои влегуваме како фаворити и со максимален пристап потоа да го завериме пласманот на ЕП – вели Митревски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот