Митревски прогласен за МВП, 20 одбрани во триумфот на Порто!

Митревски беше најдобар кога беше најпотребно/Фото: facebook.com/fcportosports

Во рамките од најсилното португалско ракометно првенство екипата на Порто ја оправда фаворитската улога на гостувањето против составот на Маиа-Исмаи со конечен резултат 12:31 (4:14).

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски придонесе во победата со 20 одбрани.

Благодарение на оваа фантастична партија нашиот интернационалец беше прогласен за МВП, најкорисен играч на мечот.

Следниот меч Порто ќе го има во Лигата на шампионите в среда (23 септември) на домашен терен против белорускиот тим на Мешков Брест (20.45 часот).

Митревски пред да се врати во Португалија ги бранеше боите на Еурофарм Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот