Митревски повторно блескаше во ЛШ, но Порто го загуби мечот со Веспрем

Никола Митревски, голманот на македонската ракометна репрезентација/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вечерва се комплетираше и четвртото коло од Лигата на шампионите, во рамките од групата „Б“ составот на Порто загуби дома од Веспрем со 23:30.

Повторно за португалскиот клуб блескаше нашиот голман Никола Митревски кој овојпат забележа 14 одбрани, но тоа не беше доволно да го спречи поразот.

Како што е веќе познато за унгарската екипа сезонава нема да настапува македонскиот репрезентативец Дејан Манасков подолг период поради повреда.

На табелата по четири кола во групата „Б“ на делба на првото место по шест бодови се Барселона, Кјелце и Веспрем, пет има ПСЖ, четири Порто, по два Динамо Букурешт и Мотор Запорожје, а еден Флензбург.

Во групата „А“ Алборг и Кил имаат по шест бодови, по пет Пик Сегед, Монпелје и Вардар 1961, четири Елверум, еден ППД Загреб, а без бодови Мешков Брест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот