Митревски не успеа да го спаси Порто од елиминација во ЛШ

Македонскиот репрезентативен голман доби мала минутажа против Барселона во ЛШ/Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany

Голманот на македонската репрезентација, Никола Митревски, имаше одлична вечер на гостувувањето кај Алборг, но не успеа да го спаси својот Порто од елиминација во осминафиналетито во Лигата на шампионите. Алборг во реванш натпреварот славеше со 27:24, односно со идентична гол разлика, но поради дадени повеќе голови на гости, данскиот тим ќе игра во четвртфиналето. Првиот натпревар заврши со триумф на Порто од 32:29. Португалскиот тим имаше шанса во последната минута да постигне гол кој ќе го однесе во четвртфиналето, но шутот Ареја Родригес не беше прецизен.

Митревски беше одличен на голот, во првото полувреме имаше дури 12 одбрани, а во второто тој излезе од ритам поради одлуката на тренерот Магнус Андерсон во напад на се игра седум на шест. На крајот Митревски натпреварот го заврши со 15 одбрани. Феликс Клар со шест гола беше најпрецизен кај Алборг, додека кај Порто, Итуриза постигна исто така шест гола.

Екипата на Кил со идентични како и на првиот натпревар 33:28 го совлада Пик Сегед и обезбеди пласман во четвртфиналето. Сандер Сагосен беше најпрецизен кај „зебрите“ со девет постигнати голови, а кај Пик Сегед, Богдан Радивојевиќ даде седум гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот