Митревски најдобар голман во СЕХА, Дибиров крило
Голманот на македонската репрезентација и на Еурофарм Работник, Никола Митрески е во идеалниот тим на месецот во СЕХА-лигата. Митревски брилјираше на голот на Еурофарм во двете победи над Спартак Москва и над Металопластика.
Место во идеалниот тим најде и неговиот клупски колега, Ловро Јотиќ кој е најдобар лев бек во изминатиот месец, додека ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров е најдобро лево крило.
Покрај тројката од македонските екипи, во идеалниот тим на месецот се најдоа уште и Јовица Николиќ (Војводина), Дарко Ѓукиќ (Мешков Брест), Расмус Лауге (Веспрем) и Максим Бабичев (Мотор Запорожје).
За најдобар тренер во СЕХА-лигата за месец септември е избран кормиларот на Веспрем, Давид Дејвис.