Митревски најави враќање на чело на ССМ со судска одлука

Фото: МИА

Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски денеска на прес-конференција соопшти дека Вишиот управен суд ја уважил неговата жалба.

Тој очекува Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот и да го впише како легитимен претседател на ССМ.

– Се покажа дека правдата во Република Македонија функционира, рече Митревски на прес-конференцијата.

Митревски во 2017 година беше заменет од актуелниот претседател на ССМ Дарко Димовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот