Митревски ја спушти ролетната за ракометарите Пик Сегед

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски е најзаслужен за победата на неговиот Порто во четвртото коло од Лигата на шампионите. Португалскиот шампион со 25:19 го совлада Пик Сегед, а Митревски имаше дури 15 одбрани.

Благодарение на одбраните на Митревски, Порто уште во воведните минути направи предност од пет гола (7:2) и предноста рутински ја оджуваше до крајот на натпреварот.

Покрај македонскиот репрезентативец, добра партија прикажа и Мартин Соареш кој постигна пет гола, додека поранешниот ракометар на Бардар, Жоан Кањељас беше најпрецизен кај унгарскиот тим со седум гола.

Во последниот натпревар ПСЖ оствари рутинска победа од 35:29 против екипата на Елверум. Микел Хансен со осум гола беше најпрецизен кај францускиот тим за кого ова беше прва победа во ЛШ откако во претходните два натпревари загуби од Флензбург и од Мешков Брест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот