Митревски и Порто ремизираа против Киелце

Никола Митревски и неговиот Порто одиграа нерешено 32:32 против Киелце во шестото коло од ракометната Лига на шампионите.

Голманот на македонската репрезентација беше стартер на натпреварот, но овој пат епитетот на јунак на португалскиот тим го доби другиот голман, Алфредо Квинтана кој во финишот имаше неколку одбрани, од кои и пеналот во 59. минута со кои успеа да му обезбеди бод на својот тим.

Најпрецизен во португалскиот тим беше Мартинс со седум постигнати голови, додека кај полскиот тим најрасположен за игра беше миленикот на навивачите на Вардар, Игор Карачиќ кој даде пет гола.

Во вториот денешен натпревар Барселона со одлична игра во второто полувреме дојде до победата од 42:33 над Алборг. Дика Мем и Блаж Јанц со по шест гола беа најпрецизни кај Барселона која е единствен тим во Лигата на шампионите која има максимален ефект, пет победи во пет натпревари.

Прочитајте и...  Фудбалскиот свет се простува од големиот Диего, меѓу нив и Пеле: Еден ден заедно ќе ја шутираме топката горе на небото

Поврзани вести

ЛШ: „Кралевите“ го бутнаа Интер на работ на елиминација, Аталанта го шокира Ливерпул (ВИДЕО)

Слободен печат

Алушовски: Ова е реален резултат

Слободен печат

Последната фотографија на Марадона: Ја преживеа операцијата на главата но го издаде срцето

Слободен печат

Вардар без шанси против Киелце

Слободен печат

ВИДЕО: Неапол тагува за својот херој и идол: Муралот на Диего „гори“ во тишина

Слободен печат

Не сум комунист, туку Фиделист: Марадона почина на ист ден како и на политичарот на кој му се воодушевуваше

Слободен печат

Остави Коментар