Митревски го реши португалското дерби

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски продолжи со одлични настапи за екипата на Порто и вечерва беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим од 33:30 над Спортинг Лисабон со кој речиси сигурно дека ќе ја освои титулата.
Спортинг беше подобар тим во првото полувреме и на одмор замина од три гола предност (14:17),  потоа во второто полувреме предноста се зголеми и на пет гола (16:21), но потоа на сцена стапи Митревски.
Голманот на македонската репрезентација имаше неколку одбрани кои неговите соиграчи успеаја да ги искористат и да направат пресврт, а со тоа и да дојдат до голема победа која речиси сигурно им ја носи и титулата.
Порто по 26 кола има максимални 26 победи, додека Спортинг е второпласиран со само два порази кои ги доживеа токму од лидерот на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот