Митревски: Да продолжиме во ваков ритам и на наредните три мечеви!

Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany/POOL

Репрезентацијата на Македонија успеа со победата над Чиле да се најде во вториот круг на Светското првенство во Египет.

Наредни ривали на избраниците на селекторот Данило Брестовац ќе бидат редоследно селекциите на Словенија, Русија и Белорусија.

„Црвено-жолтите“ ги разочараа навивачите со двата убедливи порази на стартот од Шведска и домаќинот Египет, но се надеваат и веруваат дека од меч во меч ќе бидат сè подобри.

Одбраните на голманот Никола Ристовски беа клучни во нашиот прв триумф на Мундијалот..

– Мораме да напредуваме на следните натпревари и да дадеме сè од себе. Одигравме навистина добро во еден екстремно тежок натпревар, би сакал да им честитам на моите соиграчи за нивните перформанси. Да се надеваме дека ќе продолжиме во ваков ритам и во главната фаза – рече Митревски после мечот со Чилеанците.

СП: Целта е остварена, Македонија забележа победа против Чиле!

Исто така и пивотот Жарко Пешевски со своите пет голови имаше клучен придонес во денешниот успех..

– Навистина добро се справивме против Чиле против кого претходно се подготвувавме (пред настапот на СП). Нашите перформанси ќе продолжат да се подобруваат како што тече Светското првенство. Имаме три тешки натпревари против Словенија, Русија и Белорусија. Сакаме да се покажеме во добро светло и решени да одиме колку што можеме подалеку на овој Мундијал – се зборовите на Пешевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот