Митрев: Не сум оптимист, наесен ќе биде многу лошо

Кардиорирургот Жан Митрев истакна дека наесен не очекува полошо сценарио, бидејќи доаѓа сезона на грип, а дополнителен проблем е и загадувањето на воздухот.

Жан Митрев: Вирусот кај дел од пациентите се однесува како на симптоми на сида

-Можеби за некои се уште не е јасно што јас како кардиохирург имам со ковид пациенти. Ние сме тие кои работиме со најтешко болните пациенти, како резултатот на вирусната инфекција и понатамошното комплицирање кое иде со кардиоваскуларни проблеми. Не сум оптимист, следејќи ги параментите кај нас и во светот, покрај тоа што желбата е да се вратиме во нормала, нема втор бран туку континуирано зголемување на бројките. Но, сега после олабавувањето, под притисок на многу фактори кои се животно важни, а тоа е економијата, тоа придонесе да се олабават на сите страни, не само кај нас. За жал, се гледа дека тоа континуирано продолжува. Не можеме да кажеме дека е нешто надминато, кога бројките го зборат спротивното. Како ќе биде наесен, јас мислам дека ќе биде многу лошо. Многу ќе се зголемат бројките во однос на тешко болни пациенти. Гледајќи го текот со кој се справуваме секојдневно, она што се зборуваше дека е болест за постари луѓе, не е точно. Ние лекуваме и 24 годишник во тешка форма. Сега имаме син и ќерка кои се со тешка состојба. Во комбинација со поладната атмосфера и затворени простории, ќе почне и скопското загадување, ќе дојдат и другите додадни вирусни заболувања, сезонски грипови, ќе се искомплицира ситуацијата, рече Митрев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот