Митрески: СДСМ поддржува предлог-закон со кој пратеник не може да има двојно државјанство

Социјалдемократска сојуз на Македонија (СДСМ) го поддржува предлог-законот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пратениците да имаат само едно државјанство. Од оваа партија дури потенцираат дека се залагаат законот да почне да се практикува веднаш, од овој парламентарен состав. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, во изјава за Слободен печат вели дека во редовите на пратеничката група на СДСМ нема пратеници со двојно државјанство.

-Според информациите со кои располагам како координатор, ниту еден од пратениците на пратеничката група нема двојно државјанство. Нашиот став е јасен, подржуваме предлог закон со кој пратеник не може да има двојно државјанство и тоа тој закон да важи веднаш, односно од овој пратенички состав – изјави Митрески.

Мицевки за Слободен печат: Во ВМРО-ДПМНЕ нема пратеници со двојно државјанство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот