Митрески: Само пратеници во изолација и заразените со ковид-19 да имаат можност да работат од далечина

Пратениците од владејачката СДСМ не се откажуваат од носењето на дополнување на Деловникот за работа на Собранието со којшто ќе се овозможи пратеници со Ковид-19 и во самоизолација онлајн да се вклучуваат на седници и на работни тела. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески изјави дека се надева дека сите пратеници ќе го поддржат предлогот на претседателот Талат Џафери и оти и нашиот Парламент ќе функционира како сите во светот во услови на пандемија.

– Фунционално, наспроти блокирано Собрание во секоја смисла, е интерес на сите граѓани. Се надеваме дека сите пратеници ќе ја поддржат измената на Деловникот со цел и во вакви тешки услови да можеме да функционираме како што функционираат сите парламенти во светот, посочува Митрески.

За Деловникот, додава тој, зборуваме од конституирањето на Собранието на сите координации кај претседателот Талат Џафери.

– За јавноста нашиот став е јасен, само пратеници во изолација и заразените со ковид-19 да имаат можност да работат од далечина и тој став се поклопува со предлогот на претседателот на Собраниет,о Џафери, истакнува тој.

Во средината на октомври пратеничката група на СДСМ излезе со речиси ист прдедлог за работење на далечина, како овој што сега е ставен на дневен ред на собраниската седница закажана за в четврток.

Владејачките партии имаат мнозинство од 62 пратеници, но многу често се случува неколкумина да не можат да се вклучат во работата на Собранието поради позитивни тест за Ковид 19 или самоизолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот