Митрески: Посветено ја градиме нашата земја по европски пример (ВИДЕО)

Градежната офанзива продолжува и во новата нормала. Капиталните градби продолжуваат и во вонредните услови во кои живееме. Се гради низ целата држава, низ сите региони. Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика, посветено ја градиме нашата земја по европски пример, рече Јован Митрески носител во ИЕ 5 во изјава за медиумите.

-Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. На овој начин и помагаме на економијата во многу важен период. Наследивме хаос во неплански и недомаќински планови за патишта, трошоци за санирање на штетите, промашени траси, некомплетни проекти. Но го поправивме тоа, и не запираме додека не изградиме современа држава. Градиме 260 км автопати. Градиме 300 км експресни патишта. Градиме 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци. Ги поврзуваме селата со градовите со патишта. Се поврзуваме со соседите преку автопатите и отворањето гранични премини- рече Митрески.

-Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори за да ја подобриме економијата, се проширува патната и граничната инфраструктура на клучните премини Ќафасан и Деве Баир. Тоа е современа инфраструктура за современа економија. Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, градиме за секое населено место да е подобро поврзано со останатите, градиме за да обезбедиме силен локален економски развој. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ја кочеше гасификацијата. Сега влегуваме во завршницата на реализацијата на гасоводните магистрали, и продолжуваме додека не донесеме гас во секој дом. Пониски сметки, а почист воздух- рече Митрески.

Глетката на фотоволтаични централи е секојдневна за секој граѓанин, потенцираше Митровски, го менуваме начинот на греење, фасадите и изолации на зградите на јавните институции. Поставуваме пример за енергетска ефикасност. За да си го исчистиме воздухот.

-По целата земја градиме пречистителни станици, за да си ги исчистиме реките. Ги чистиме водите кои ни ги напојуваат плодните земјоделски полиња. Инвестиравме во колекторскиот систем во Охрид, за да си го зачуваме драгоценото Охридско езеро, кое ВМРО-ДПМНЕ го доведе до работ на загрозено подрачје. Вложуваме во градење на регионалните депонии за отпад. Да си ја исчистиме почвата од ѓубре. Ова е сериозен, чесен и одговорен пристап. Градиме домаќински за сегашните и идни генерации. Покажавме дека можеме и умееме. По 15 јули ќе покажеме дека можеме уште подобро, можеме уште повеќе- рече Митрески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот