Митрески: Парламентарното мнозинство ќе се зголемува, опозицијата не се откажува од блокади од Собранието

Очекувам дека ќе се зголеми парламентарното мнозинство, дел од опозиционите пратеници ги препознаваат овие деструкции, истакна пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, во емисијата „Отворено” на телевизија 24.

Тој нагласи дека парламентот е блокиран од опозицијата, Законот за државјанство поднесен од Алијансата на Албанците и Алтернатива е блокиран со амандмани на ВМРО ДПМНЕ и Левица.

Нема ниту еден амандман од мнозинството на овој предлог закон, но, ние ги кажавме нашите забелешки, и според меѓународните конвенции и според експертите, не знам дали можеме со ваков закон да го решиме статусот на некои граѓани, рече Митрески, нагласувајќи дека СДСМ сака решение за овие луѓе, но не на ваков начин.

„Наш став е дека со ваква содржина не може да се донесе закон. Нашиот став е дека нема да го гласаме.Не гледам причина условно македонската опозиција кога блокира закон на условно албанската опозиција дека треба да биде блокирано собранието. Затоа, според мене има два  логични заклучока, или се договорени да биде блокирано собранието или албанската опозиција наседнала на провокацијата на ВМРО и Левица и влегле во блокада за да не бидат единствени блокатори на собранието”, оцени Митрески.

Во врска со одржувањето пописот Митрески рече дека се почитуваат сите протоколи и нагласи дека пописот како статистичка операција треба да продолжи за да се добијат релевантни податоци за планирање на развојот.

Мене ми е жал што зборуваме за попис, за процентуална застапеност и уште еднаш ќе повторам дека без разлика на процентите никогаш нема да стане збор за одземање на сите стекнати права, туку зборуваме за водење економска, образовна, социјална, земјоделска политика , нагласи пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, во емисијата „Отворено” на телевизија 24.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот