Митрески: Обраќањето на Пендаровски е државничко, иако за некои прашања имаме различни гледишта

Јован Митрески, пратеник на СДСМ, Фото: Архива

Денешното обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски го оценуваме како државничко, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

– Како што доликува на демократско општество и на институцијата претседател тој го дава очекуваниот позитивен резултат. Мнозинството во Собранието со Пендаровски има конструктивен сојузник за концептот на едно општесто, правецот на движењето на земјата, продолжување на реформите и подобрување на квалитетот на животот. Нормално е за некои прашања да имаме различни гледишта, но тоа е демократија. Очекуваме дека и во иднина заедно со претседателот ќе работиме на реформите важни за граѓаните и за државата – рече Митрески.

Пендаровски: Заев се повлекува кога неговата партија е на власт, а тоа е дијаметрално спротивна ситуација од 2017-та

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот