Митрески: Мицкоски го излажа народот дека има мнозинство, Реџепи го притиска опозицијата, а не ние

Јован Митрески држи прес-конференција во Собранието / 11 ноември 2021 / фото: МИА/принтскрин

Јован Митревски, координаторот на пратеничката група на СДСМ, попладнево на прес-конференција изјави дека единствен виновник за она што се случува во Собранието е Христијан Мицкоски.

„Сето она што се случи е резултат на тоа што Христијан Мицкоски јавно кажа дека има 61 пратеник, и тој не треба да не бара алиби, затоа што седна со тие што се анти-НАТО, анти-европски, партии кои се против концептот Едно општество за сите. Народот е излажан од Христијан МИцкоски, тој ги пумпаше невистините дека има мнозинство. Нема ново мнозинство во Собранието, рече Митрески.

Тој додаде дека актуелното мнозинство ќе расте, но не откри со кои пратеници ќе се зголемува, велејќи дека во текот на утрешниот ден тие пратеници тоа лично ќе го соопштат.

Околу исчезнувањето на Кастриот Реџепи, Митрески рече дека „има обратни информации“, односно дека притисоците кон пратеникот доаѓаат од опозицијата, а не од власта. Јас го познавам лично и тој е за европска иднина на државата, рече Митрески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот