Митрески: Дурловски нема сила да излезе на ТВ соочување со нашиот носител на листа (ВИДЕО)

Во 2016 година седнавме и се договoривме дека сме различни по многу основи, етничка припадност, верска припадност, професија, по многу други работи, ама имаме иста цел, исти проблеми и дека само сите заедно сплотени можеме да ги решаваме, истакна носителот на листата на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5 Јован Митрески на граѓанската трибина во Струга.

Најголем дел од проблемите ги решивме, покажавме дека можеме и по 15 јули ќе продолжиме уште повеќе и подобро, порача Митрески.

-Зоки ми е брат, Радмила ми е сестра по 27 април и сето тоа што се случи во Собранието, а носителот на другата страна бил спремен да убие за пари, а нема сила да излезе на ТВ соочување со нашиот носител на листа- нагласи Митрески, додавајќи дека тоа ни даде сила да ги решаваме најтешките работи во оваа држава.

Во Собрание, потенцираше Митрески, само еден човек не аплаудираше на решавањето на 30-годишниот проблем – членството во НАТО, не аплаудираше што нашата мала земја седи на маса со најмоќните, не се израдува на тоа дека сега треба да зборуваме за економија, инфраструктура, за решавање на проблемите на граѓаните.

-Ние ги решаваме проблемите на граѓаните и по 15 јули ќе покажеме сите заедно дека можеме уште повеќе и уште подобро, порача носителот на листата на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5 Јован Митрески на граѓанската трибина во Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот