Митрашиновиќ: Презадоволна сум од триумфот, се надевам на двојна круна

фото: КФСМ

Кошаркарките на Баскет Кам успеаја за прв пат да триумфираат во Купот на Македонија, а тоа го сторија на убедлив начин. Тимот од Македонска Каменица со 81:64 го совлада Бадел 1862, иако разликата можеше да биде уште поголема доколку не беше опуштањето во последната четвтина.
Предводник на Баскет Кам во триумфот во Купот кој од годинава го носи името на легендатаБлагоја Георгиевски – Буштур, беше македонската репрезентативка Анжелика Митрашиновиќ која забележа 22 поени и 12 скокови.

– Презадоволна сум од исходот во завршницата од Купот, ја очекувавме оваа победа. Сакам да се заблагодарам на КФСМ што воопшто го организираше овој турнир, со оглед на пандемијата со корона вирусот, но и да им честитам на моите соиграчи за добрата игра. Се надевам на уште повозбудливо финале во плеј-офот и на уште еден триумф. Оваа сезона многу се засили македонската кошарка, пред се со странски играчи и тоа е добро за сите. Мене ми заврши со сезоната со Будуќност, па дојдов тука да му помогнам на Баскет Кам во остварувањето на своите амбиции. Се надевам на двојна титула – изјави Митрашиновиќ.

Фото: КФСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот