Митови за животот од кои секоја жена треба да се ослободи кога ќе наполни 30 години

љубов жена

Триесет години и не се така многу, но не се ни малку. Жените на оваа возраст веќе учат да не се задоволуваат со „ронки“, да се ценат себе и својот труд и да се ослободат од лошите навики.

Но, постојат одредени убедувања и митови кои ни се „наметнати“ од блиските и од околината во која живееме.

Еве некои од нив:

Убедување 1: Сè додека е платата добра, сосема е во ред да останам на работното место што го мразам

Вистината е дека иако наоѓањето на работата од соништата е тешка задача, никој не би требало да се задржува на работното место кое создава стрес и незадоволство, кои потоа може да го нарушат дури и физичкото здравје. Многумина кои се охрабриле да го направат овој чекор велат дека се посреќни иако заработуваат помалку отколку на „токсичната“ позиција.

Убедување 2: Финансиската ситуација кога-тогаш сама ќе си дојде на себе

Една од најлошите навики е да се игнорира финансиски проблем и да се третира како минлив, без разлика на која возраст сме. За да ја решите вашата незавидна финансиска ситуација потребен е план и работа.

Убедување 3: Ќе стапам во брак, но тоа нема врска со моите финансии

Стапувањето во брак ги менува возрасните граници, па така многу повеќе луѓе одлучуваат да бидат слободни во своите 20-ти и да се одлучат на создавање дом со некого во текот на 30-тите. Сепак, одлуката за вакво нешто треба да биде и финансиски поткрепена од двете страни, што вклучува заеднички режиски трошоци, рати од станбен кредит, плаќање на венчавката… Реалната финансиска состојба останува дури и кога заљубеноста ќе помине. Затоа, убаво пресметајте колкава е вашата финансиска моќ пред да донесете брза одлука за заеднички живот или брак.

Убедување 4: Постоењето на кредитниот лимит значи дека ќе можам и да го вратам некогаш

Со тек на време се случува да расте дозволениот минус на вашите картички, но сето тоа непромислено трошење само ве заглавува во подлабоки и подлабоки долгови. Без разлика колкав е лимитот, тоа не значи дека треба да дадете сè од себе за целосно да го искористите. Оставете нешто и за деновите кога неизбежно ќе биде потребен.

Убедување 5: Тоа што заработувам помалку од своите врсници е неуспех

Советот е едноставен: Направете си услуга сами себе и насочете го својот живот и финансии кон својот пат, а не кон животите на вашите познаници и пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот