Митјиланд, Салцбург и Краснодар последни учесници во ЛШ

epa08710458 Players of FK Krasnodar celebrate the 0-1 goal during the UEFA Champions League playoff 2nd leg soccer match between PAOK FC and FK Kransodar at Toumpa stadium in Thessaloniki, Greece, 30 September 2020. EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Со одигрувањето на реванш натреварите од последното квалификациско коло, познати се сите учесници во новото издание на Лигата на шампионите. Последни екипи кои обезбедија пласман во ЛШ се Салцбург, Краснодар и Митјиланд.

Токму данскиот шампион имаше најтешка задача вечерва и по негативата од првото полувреме од 0:1 успеа да дојде до конечен тирумф од 4:1 против Славија Прага.
Чесите уште во третата минута поведоа со голот на Олајинка, а играта во продолжението од средбата не навестуваше дека Митјиланд ќе успее да направи пресврт.

Но, се се смени во 65. минута кога Каба израмни на 1:1 за во самиот финиш да има вистинско шоу. Фудбалерот на Митјиланд во 83. минута го промаши ударот од белата точка, но судијата одлучи тој да се повтори по што Шолц не греши по втор пат. Сите дилеми околу победникот ги разреши Онјека во 89 минута кога даде гол за недостижно водство од 3:1, а точка на натпреварот стави Дрејер во судиското продолжение.

Салцбург без многу мака го завери пласманот во групната фаза, откако по победата на првиот натпревар од 2:1, сега славеше со 3:1 над Макаби Тел Авив. Човек на одлука беше Дакакој постигна два гола, третиот беше дело на Шобослаи, а почесниот стрелец за гостите беше Карзев.

Рускиот тим Краснодар по втор пат со идентични 2:1 го победува ПАОК, овој пат славеше во Солун. Мрежите мируваа се до 73. минута кога Мичалидис си постигна автогол. Надежта на ПАОК ја врати Ел Кадури четири минути подоцна, но русите експресно одговорија. Веќе во наредната 78. минута Кабеља носи водство од 1:2 и пласман во ЛШ.
Жрепката за одредување на групите во ЛШ ќе се одржи утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот