Митков: Парите за ВМРО-ДПМНЕ му ги давав на поштарот Марјан

Повеќе пати имам давано донации за партијата ВМРО-ДПМНЕ. Но, никогаш јас не сум уплатил 60.000 денари со уплатница преку банка. Во СЈО дознав дека постои таква уплатница, изјави кочанчанецот Ѕвонко Митков.

– Парите коо јас сум ги уплаќал сум му ги давал на поштарот Марјан. Тоа лице е претставник на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани – рече Митков, кој додаде дека за уплатите добивал документ познат како каса-уплати.

– Јас за партијата имам донирано помеѓу 300.000 до 400.000 денари – рече сведокот Митков.

Цариникот Горан Крстевски рече дека тој не може да се присети дали во 2011 година уплатил 60.000 денари, туку тој директно со каса-прими плаќал донации и чланарина.

– Прв пат дека постои уплатница, дека јас сум уплатил преку уплатница 60.000 денари, дознав кога бев повикан во СЈО – рече Крстевски.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова. Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот