ВИДЕО: Митко Јанчев прогласи победа во првиот круг во Кавадарци

Митко Јанчев

Актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, е победник во првиот круг на изборите во општината, објави тој.

Јанчев се обрати пред членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека повторно ја добил довербата на гласачите и освоил мандат од нови четири години.

Според официјалните податоци од Државната изборна комисија, до 22 часот се преброени околу 10 отсто од гласовите за градоначалник во Кавадарци, а Јанчев води со 1.543 гласа, наспроти противкандидатот од СДСМ, Горан Тодоров, кој има 466 гласа.