Митко Јанчев го престави проектот „Мој општинар“ во Кавадарци

За сите проблеми на кавадарчани тука е „Мој општинар“, нагласи денеска градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на прес-конференција по повод две години од отпочнувањето на овој проект.

– Се работи за нешто што прв пат се реализира во државата. Иако многумина беа скептични за тоа дали овој проект ќе функционира така како што е замислен, можеме да кажеме дека тој дури и ги надмина нашите очекувања – рече Јанчев.

Тој додаде дека имало заинтересираност за вакво нешто и од други општини.

На пресот говореа и тројца претставници од оваа служба, кои се осврнаа на резултатите од работењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот