Митева: Шилегов уништува здрави дрва, а набавува садници од 9,5 милиони денари

Додека Шилегов сече и уништува здрави дрва, од друга страна набавува садници по енормно висока цена. Вредноста на рамковната спогодба за набавка на садници изнесува 9,5 милиони денари, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– А само во радиус од 200м од ул. Орце Николов каде Шилегов и Богдановиќ уништија здрави дрва, има обележано над 50 суви дрва кои некое време чекаат да бидат отстранети и претставуваат вистинска опасност за безбедноста на граѓаните. Такви дрва има во Градскиот парк во Скопје, има и на ул. Рузвелтова точно пред пунктот кај дрворедот.

Согласно Законот за урбано зеленило еден од основните принципи за заштита и унапредување на зеленилото е Одржливоста со која се обезбедува соодветно користење на постојните зелени површини, нивно зачувување, заштита и унапредување, во согласност со воспоставени стандарди и нормативи.

Очигледно Шилегов нема стратегија за одржлив развој на Град Скопје, напротив спроведува постапки за јавна набавка на урбана опрема и зеленило по енормно високи цени. Дополнително, оние кои се занимаваат со оваа професија велат дека понудените цени за садниците во јавната набавка се повисоки од реалната цена.

И на крај, сосема е јасно зошто на анкетите 69% од граѓаните не се задоволни од работата на Шилегов. Тоа е доволен показател за неспособноста и неработењето на градските власти. Најдобро за нашите општини е што поскоро да заминете од власт – рече Митева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот