Митева: Оставката е неминовна за министерката Царовска (ВИДЕО)

Министерке, давате изјави во кои стартот на учебната година го оценувате како успешен. Жално е “добивањето лозинки” да го потенцирате како успех од невидени размери во дигитализацијата. А срамно, што се тоа го кажувате со насмевка на лицето, рече на денешната прес-конференција Марија Митева, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Имате повеќе од 80 илјади ученици кои немаат услови за следење на онлајн настава, а вие им нудите 15-минутни видеа од наставните часови пред малите екрани на националниот сервис. Велите, во овој момент тоа е единственото решение. Не, тоа е само оправдување! Имате бојкот на онлајн наставата во повеќе од 7 градови, старите и руинирани училишни објекти се поле за истражување, платформата ви е нефункционална, еве вчера и официјалната страна на Министерството беше нефункционална! Непотребно не убедувате, велите во НАЈГОЛЕМ ДЕЛ од училиштата во државата е започната онлајн наставата. А што е со останатите кои воопшто не започнаа? Не сме изненадени! Факт е дека следи уште едно оправдување, за кое повторно ќе кажете: “Учебната година започна организирано, предизвиците ќе се надминат”- рече Митева.

Еве уште еден пример, потенцира Митева, целодневна настава се уште нема, а вие велитe: организацијата на целодневната настава е во надлежност на училиштата, не на Министерството за образование.

-Почитувана министерке, за секој еден проблем ја префрлувате вината, барате трпение и разбирање. Имате ли критериум и план како понатаму? Доколку не, чесно и доблесно е да признаете дека оставката е повеќе од очекувана и неминовна- рече Митева.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот