Митева го обвини Шилегов: Град Скопје и Општина Центар имале решение за сечење на 3 дрва, а исекоа 10

Приказната на Град Скопје дека дрворедот на улица „Орце Николов” е исечен согласно Закон е само уште една лага на Шилегов, изјави денес Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е решението со кое се одобрува сечење на 10 дрва како и кроење на цел дрворед долж улицата „Орце Николов”. Многу нелогичности има во самото решение. Најпрво, решението е издадено за сечење на 10 дрва што се наоѓаат на потегот од раскрсницата со „Рузвелтова” до раскрсницата со „Ленинова”. Дополнително, согласно информациите со кои располагаме, на овој дел од ул. „Орце Николов” требало да се исечат само три дрва од овие десет за кои има дозвола за сечење согласно решението, а исечени се вкупно тринаесет. За ваквото манипулирање со граѓаните потребно е Град Скопје да ја достави на увид целата документација, а Шилегов треба да биде свесен дека постапувањето спротивно на Законите повлекува одговорност.

Воопшто не изненадува фактот што ова решение е донесено од Кочо Стојчевски, познатиот хаус мајстор на Општина Центар, кој од страна на Шилегов беше прераспределен во Град Скопје на позиција раководител. Бројни скандали се поврзани со Кочо кој од хаус мајстор магично беше унапреден во инспектор на Општина Центар а потоа раководител во Град Скопје.

Да разјасниме уште една дилема, за дрворедот на ул. „Орце Николов”. Во решението е наведено дека ќе се изврши кроење на дрвата што значи нивно обликување, а не нивно сечење како што се случи на улицата „Орце Николов”.

Додека говорот им е полн со зборови за зелено Скопје, делата им се полни со исечени стебла и руинирано Скопје. Зелените појаси во градовите значително влијаат на намалувањето на аерозагаденоста. Повикуваме на отчетност и одговорност пред граѓаните, вашето самоволие мора да запре, вели Митева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот