Митева: Експериментите продолжуваат, Мила Царовска да одговори на прашањата за дигиталните учебници

Експериментите во образованието продолжуваат, обвини денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, која ја повика министерката за образование Мила царовска да одговори на повеќе прашања поврзани со дигиталните учебници. 

–  Додека се уште имаме ученици кои немаат услови да ја следат онлајн наставата и се насочени кон скратена наставна програма на националните телевизиски канали, сведочиме нови таканаречени реформи за воведување дигитални учебници кои иницираат дополнителна дискриминација помеѓу најмладите. Мила Царовска или како што ја нарекуваат граѓаните „министерот надлежен за укинување” мудро се повлекува од јавни расправи, но сепак е упорна во своите намери за укинување на учебниците во основното образование. Без слух за проблемите го игнорира мнозинството. Своите интереси се обидува да ги пласира како неопходна реформа во образовниот процес и покрај бројните реакции на јавноста. Скандалозното повлекување на Законот од собраниска процедура со цел истиот да биде донесен со европско знаменце говори за целта овој нејзин предлог да биде донесен по секоја цена, а притоа злоупотребувајќи ги процедурите и дебатата во законодавниот дом – рече Митева на денешната прес-конференција.

Таа додаде дека скандалите во образованието не престанауваат откако Царовска е  министер .

– Министерке Царовска, оваа Концепција за реформа во основното образование отвора повеќе прашања: дали овој проект за дигитализација на учебници во основното образование би чинел неколку милиони годишно, колкав број на надворешни соработници ќе бидат вклучени, на каков начин ќе се реализира проектот и дали користејќи ја позицијата Министер за образование ги задоволувате само сопствените мотиви? Одговорете им на граѓаните како интерактивните содржини и анимациите од дигиталните учебници ќе бидат идентични во печатените учебници? Нашите сограѓани очекуваат образложение како и на кој начин ќе се реализира ова. Не може да излезете со предлог реформа од која зависи иднината на образовниот процес, а вашиот аргумент министерке да биде дека учениците не сакаат да учат и воедно да ги квалификувате како функционално неписмени. Ваша обврска е да ја развиете желбата за настава кај учениците, а не дополнително да им ја намалите. Ваша должност е да присуствувате на организираните тематски состаноци и од истите да произлезе заклучок и напредок согласно барањата на родителите. За крај, ако немате способност нешто да направите, дали може да застанете со уништување на системот на секое поле? – рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот