Митаракис: Немаа толеранција за насилството во бегалските кампови

Во текот на годинава ќе се затвори постоечкиот отворен бегалски камп, а мигрантите и бегалците ќе бидат пренесени во нов затворен центар.

Не прифаќаме и не толерираме насилство во центрите за бегалци и мигранти, порача министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис од грчкиот остров Самос, каде што во неделата вечерта и вчера наутро имаше инциденти и пожари во околината на бегалскиот камп, јави дописничката на МИА од Атина.

-Испраќам јасна порака, вакви насилни инциденти не се толерираат. Грчката полиција уапси 22 лица и ќе бидат поднесени кривични пријави. Јасно е дека оние што доаѓаат во нашата земја и аплицираат за азил, обврзани се и од Женевската конвенција да ги почитуваат грчките закони, рече Митаракис и додаде дека нема толеранција за насилството, „кое ги става во опасност животите и на оние кои престојуваат во прифатниот центар, но и на жителите на Самос“.

Митаракис истакна дека ситуацијата на островот е особено тешка, рече дека во текот на годинава ќе се затвори постоечкиот отворен бегалски камп, а мигрантите и бегалците ќе бидат пренесени во нов затворен центар.

Во центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти на Самос, што е со капацитет од 648 места, престојуваат 6.869 лица, според официјалните податоци од грчката Влада, заклучно со неделата 26 април 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот