Митаракис: Имунизација во бегалските кампови во Грција од почетокот на мај

Мигрантски камп во Грција / Фото: EPA-EFE/VANGELIS PAPANTONIS

Од почетокот на мај ќе започнe процес на вакцинација и во прифатните центри за бегалци и за мигранти, вели министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Митаракис истакнува дека бегалските кампови не се соочени со ширење на коронавирусот, па затоа како вработените, така и оние кои се сместени, ќе се вакцинираат кога ќе дојдат на ред, врз основа на нивната возраст и додава дека повеќето од бегалците и мигрантите се млади лица.

– Врз основа на изготвениот план со Министерството за здравство, Националната организација за јавно здравје и Националната комисија за вакцинација, проценуваме дека од почетокот на мај, кога бројот на лица кои ќе треба да се вакцинираат ќе започне да се зголемува, ќе почнат да се вакцинираат и сместените во камповите, вели Митаракис.

Министерот за миграција и азил на Грција, заедно со европската комесарка за внатрешни прашања Илва Јохансон, денеска се на грчките острови Самос и Лезбос, каде што ќе остварат средби со локалните власти и ќе ги посетат прифатните центри за бегалци и мигранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот