Митаноски: Можно е да се случи новиот парламент да биде малку повеќе шаренолик од претходниот (ВИДЕО)

Изборите не се главна тема во Охрид. Луѓето се занимаваат со други теми. Некои од политичарите кои имаа митинг ги почитуваа препораките, но мора да истакнам дека митингот на ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот и не беше баш како што треба организиран според протоколите, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Веле Митаноски новинар, политичар, публицист и пратеник.

Ова што јас го гледам како кампања мислам дека е пред се насочено кон членството. Мислам дека ништо драматично нема да се случи. Пред се се должи на тоа што на листите нема нешто ново. Има црна кампања, често по сандучињата и на возилата има флаери кои што не ветуваат нешто ново, изјави Митаноски околу прогнозите за изборниот резултат.

Можно е да се случи новиот парламент да биде малку повеќе шаренолик од претходниот. Факт е дека десницата е расцепкана, за разлика од левицата која е пообединета, изјави Митаноски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот