Мистериозното појавување на пакети со чист кокаин на плажите во Франција надлежните се уште не можат да го разјаснат

Фото: Профимедиа

Француската полиција истражува како „зналитечни количини“ на кокаин и други дроги се појавија на плажите на брегот на Атлантскиот Океан во изминатите недели. Нови пакети продолжуваат да се појавуваат секој ден, пренесе „Гардијан“.

Кокаинот е особено чист и поради тоа многу опасен, според информациите од канцеларијата на обвинителот во градот Рен, кој ги повика граѓаните доколку забележат ваков пакет, да не го допираат и веднаш да пријават во полиција.

– Сомнителни пакети се пронајдени на многу плажи, некои оддалечени повеќе од 500 километри една од друга – стои во изјавата на канцеларијата на обвинителот.

Околу 14 килограми дрога, запакувана во пакети, беше пронајдена во местото Лор-Атлантик само во неделата. Вкупно, повеќе од 760 килограми дрога со потенцијална вредност од над 60 милиони евра „исплива“ на бреговите, внимателно завиткана во проѕирни или пластични кеси.

Јавниот обвинител од Рен смета дека голема е веројатноста дрогата да содржи кокаин од Јужна Америка.

– Ова е многу чист продукт кој не смее да се консумира во оваа форма бидејќи претставува голем ризик за предозирање – смета обвинителот.

Полицијата истражува дали брод кој криумчарел дрога бил погоден од невреме или се соочил со некакви проблеми, па се ослободил од дрогата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот