Мистериозните дронови над Америка ги раздвижија безбедносните служби

Дрон / фото: pickpik.com

Претставници на Одделот за домашна безбедност на САД во Њу Џерси се сретнаа со државни и локални законодавци денес, за да разговараат за неодамнешниот бран на појавување на мистериозни дронови низ целата држава. Десетиците мистериозни ноќни летови започнаа минатиот месец и предизвикаа загриженост кај граѓаните и официјалните лица, пишува „Гласот на Америка“.

Дел од загриженоста произлегува од летечките објекти кои првично беа забележани во близина на воен истражувачки и производствен капацитет на САД, но и над седиштето на ЦИА и над теренот за голф на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во Бедминстер.

Беспилотните летала се легални во Њу Џерси за рекреативна и комерцијална употреба, но тие се предмет на локални и федерални прописи и ограничувања за летови – операторите мора да бидат сертифицирани од Федералната управа за воздухопловство (ФАА). Повеќето, но не сите дронови забележани во Њу Џерси, беа поголеми од оние што обично се хористат за хоби.

Бројот на забележани дронови се зголеми во последните денови, иако официјалните лица велат дека многу од видените објекти можеби биле авиони, а не беспилотни летала. Исто така, можно е ист објект да бил забележан повеќепати.

Гувернерот Фил Марфи и полицијата нагласија дека се чини оти беспилотните летала не ја загрозуваат јавната безбедност. ФБИ истражуваше и побара од жителите да споделат видеа, фотографии или други информации што можеби ги имаат. Многу локални законодавци побараа повеќе ограничувања за тоа кој има право да управува со беспилотните уреди. Според „Гласот на Америка“, најмалку еден од нив предложил привремена забрана за секакви летови со беспилотни летала во државата.

Мистериозни дронови 17 дена летале над воена база и седиштето на ЦИА, Пентагон бил збунет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот