Мистериозниот твит на жртвата на Епстајн отвори нови прашања за мрежата на моќници поврзани со милионерот

Фото: Профимедиа

По интервјуто во кое обвинува познати личности како принцот Ендрју за сексуално искористување, Вирџинија Робертс објави вознемирувачка порака на Твитер во која ја информира јавноста дека нема нагони да изврши самоубиство, пренесува српски „Курир“.

Вирџинија (36), која сега го користи презимето Џуфри, тврди дека американскиот инвестициски банкар и милионер Џефри Епстајн сексуално ја злоупотребувал и ја нудел на своите пријатели, а во претходно споменатиот твит таа напиша: „Ако ми се случи нешто – моради моето семејство – не дозволувајте да помине лесно и помогнете ми да ги заштитам. Има премногу злобни луѓе кои сакаат да ме замолчат“.

Епстајн умре во притвор, чекајќи судење во Соединетите Американски Држави. По официјалната обдукција, заклучено е дека тој си го одземал животот со бесење, и покрај многуте теории на заговор, но и тврдењата на угледниот патолог Мајкл Баден дека доказите „укажуваат на убиство“.

Вирџинија Џуфри неодамна за медиумите зборуваше за злоупотребата на која била изложена. Тврди дека прнцот Ендрју трипати сексуално ја искористил – еднаш во станот на Епстајн во Њујорк, еднаш на јахта на Карибите и еднаш во Лондон во куќата на Гислејн Максвел, блиската соработничка на Епстајн.

Опишувајќи го првата средба со принцот Ендрју во Лондон, изјави дека ја однеле во ноќниот клуб на Доналд Трамп, каде како што рече, танцувала со „испотениот“ принц.

Откако го напуштиле клубот, Максвел наводно ѝ рекла дека мора со Ендрју да го направи она што го правела со Џефри Епстајн.

– Ми дојде многу тешко. Не очекував такво нешто од член на кралското семејство. Не очекував такво нешто од човек кој луѓето го сметаат за пример и му се восхитуваат – рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот