Мистериозна супстанца од темната страна на Месечината ги зачуди научниците

Фото: Принтскрин

Кинескиот вселенско летало „Јуту-2“ испрати нови фотографии од „обоена мистериозна супстанца“ која ја откри во мал кратер на спротивната (темна) страна на Месечината, што предизвика голем интерес во научната заедница, објави „Србија данас“.

Тимот на мисијата „Чанге-4“, во чија рамка делува и леталото „Јуту-2“, тврди дека обликот и бојата на необичниот желатинест материјал е значително различен од другото опкружение.

Фото: ЦНСА/ЦЛЕП

Најновите фотографии со се направени со посебната камера на роверот, кој внимателно морал да му се приближи на кратерот со дијаметар од два метри, во кој се наоѓала чудната супстанца.

Црвенкастите и зелените нијанси на фотографиите се резултат на инструментите кои ги користела камерата – посебни спектометри, кои детектираат како се шири светлината и се одбива од површината на материјалот, за да се утврди хемиската стурктура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот