МИСТЕРИОЗНА СМРТ НА НОВИНАРКА ОД БИ-БИ-СИ: Никој не знае што и се случило, семејството во шок (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Младата, популарна водителка на Би-Би-Си, Хана Јусуф, почина ненадејно на 27-годишна возраст.

„Хана беше посветен професионалец и мост помеѓу медиумите и заедницата и посветено помагаше да се разбијат границите околу тоа чиј глас се слуша. Многумина Хана ја познаваа поради нејзиниот неверојатен допринос во новинарството и нејзината работа во Би-Би-Си. Додека жалиме за нејзината загуба, се надеваме дека она што Хана го остави зад себе ќе послужи како инспирација и светло за нејзините колеги и за заедницата“, пишува во соопштението од семејството.

Хана, како што соопштија нејзините најблиски, починала изненадно и неочекувано.

https://www.youtube.com/watch?v=IgWXODbrqy8

Колегите и уредниците велат дека оваа млада новинарка сите ја обожувале. Таа ги истражувала условите за работа во една популарна кафетерија, по што компанијата направила внатрешна ревизија.

Во емисијата „Добро утро, Британија“ гостувала во 2017 година со хиџаб на главата во желба да истакне дека забраната за верски симболи на работа би ги погодила муслиманските жени.

Хана била родена во Сомалија, но во детството се преселила во Холандија, а потоа во Велика Британија. Говорела 6 јазици и била позната по исклучителната интелигенција.

Причините за нејзината смрт, не се наведени.

 

View this post on Instagram

 

New hair ?

A post shared by Hanna Yusuf (@hannayusuf) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот